Доналд Трамп утре ќе ја објави својата кандидатура за претседател?

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се очекува во вторник навечер официјално да ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, пркосејќи им на повиците на неговата партија да се откаже, откако кандидатите што ги поддржа се покажаа лошо на неодамнешните избори.

Денес, 76-годишниот милијардер кој ги шокираше Америка и светот во 2016 година со победата во трката за Белата куќа, ги покани новинарите на својот луксузен имот Мар-а-Лаго во Флорида за „многу голема објава“ во вторникот вечерта.

„Претседателот Трамп во вторник ќе објави дека ќе се кандидира за претседател“, рече еден од неговите советници Џејсон Милер, кој предвидува дека говорот на Трамп ќе биде „многу професионален, многу внимателно подготвен“.

Познат по својата непредвидливост, Трамп сè уште има време да се премисли во последен момент, но со месеци едвај ја криеше желбата повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Доколку реши да ја одложи кандидатурата, што наводно ја предлагаат некои советници, тоа би било многу непријатно за него затоа што неговата најава ја објави како „можеби еден од најважните говори во историјата на САД“.

Слични содржини