Доналд Туск упати предупредување до Велика Британија

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Тој истакна дека Унијата не може да направи компромис по прашањето за слободата на движење

туск
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази желба преговорите по излегувањето на Велика Британија од ЕУ да започнат до февруари. Тој истакна дека Унијата не може да направи компромис по прашањето за слободата на движење.
“Британија нема да може да добие слободен пристап до заедничкиот европски пазар, ако не се согласи да обезбеди за возврат слобода на движење на работниците од земјите од Унијата” , коментира Туск.
Од своја страна британскиот премиер Тереза Меј изјави дека е речиси невозможно преговорите да започнат оваа година. Според неа земјата може да е подготвена во јануари или февруари.