Донарума ги договорил личните услови со Манчестер Сити

Трансферот треба да изнесува нешто помалку од 50.000.000 евра, а единственото нешто што останува е сегашниот голман на Сити, Едерсон, да најде нов клуб.

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума дефинитивно се збогува со Пари Сен Жермен, а според извештаите, тој е блиску до потпишување за нов клуб.

Како што објави Фабрицио Романо, Донарума ги договорил личните услови со Манчестер Сити и остануваат само формалности.

Трансферот треба да изнесува нешто помалку од 50.000.000 евра, а единственото нешто што останува е сегашниот голман на Сити, Едерсон, да најде нов клуб.

Галатасарај е заинтересиран за него и тој веќе е прежален, бидејќи во претходното коло од Премиер лигата Џејмс Трафорд, новодојденец оваа година за 30.000.000 евра, бранеше за „граѓаните“.

Луис Енрике го отпиша Донарума, велејќи: „Тој повеќе не е дел од тимот и тоа е моја одлука. Џиџо е еден од најдобрите голмани во светот, но јас сакам различен тип на голман“.

Очигледно го пронашол тоа во Лукас Шевалие, кого го донесе од Лил за 40.000.000 евра.

Донарума неодамна се збогуваше со навивачите, кои го испратија како жива легенда на клубот.