68
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, изјави дека тимот се променил во позитивна насока откако си заминала ѕвездата Килијан Мбапе минатото лето.
„Нашиот менталитет се промени, сега сме подобар тим. Ни недостига Килијан, тој е еден од најдобрите играчи во светот и одличен пријател. Тимот на ПСЖ стана многу близок, се чувствуваме многу добро заедно. На овој начин го освоивме Европското првенство со Италија, ова е важно за сите тимови“, рече Донарума по победата од 2-1 над Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
ПСЖ ќе игра против Интер во финалето на Лигата на шампионите во Минхен на 31 мај.