Дончиќ доби астрономски договор во Далас

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Лука Дончиќ, sвездата на Далас Маверикс, се договори за фантастичен петгодишен договор со франшизата од Тексас.

Американските медиуми наведуваат дека Словенецот ќе има вкупен приход од 201,5 милиони долари.

Со ова ќе се изедначи со sвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, но и ќе ја надмине онаа на Никола Јокиќ во Денвер Нагетс (146,5 милиони).

Така Далас реши да се осигура дека нема да остане без првата sвезда на тимот летото 2022 година.

„Го знаете одговорот. Нема да лажам“, рече Дончиќ со насмевка на новинарско прашање за новиот договор.

Само Расел Вестбрук во Вашингтон Визардс (207 милиони долари), Џејмс Харден од Бруклин Нетс (228 милиони долари) и Демијан Лилард од Портланд Трејблејзерс (257 милиони долари) ќе заработат повеќе од Дончиќ.

Сето тоа по одличната сезона на поранешниот ас на Реал Мадрид од 27,7 поени, осум скока и 8,6 асистенции во просек по натпревар.

Тој беше уште подобар во плејофот со 35,7 поени, 10,3 асистенции и 7,9 скока, но Лос Анџелес Клиперс беше подобар по седум натпревари.

Слични содржини