Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ја забележаа најголемата победа во тековната сезона во НБА, откако го дочекаа крајот на мечот во „Американ Ерлајнс“ центарот со 114:96 против Далас Маверикс. Најдобри играчи на победничкиот тим беа Џерет Ален со 28 поени и 14 скока и Лаури Марканен со 24 поени и осум скока, а поразениот тим го предводеше Лука Дончиќ, кој постигна нов „трипл-дабл“.
Словенечката ѕвезда на најсилната кошаркарска лига во светот го заврши мечот со 24 поени и 10 скока и асистенции, но со слаба придружба на остатокот од тимот. Сепак, и таков натпревар за него имаше посебно значење.
Покрај тоа запиша нов „трипл-дабл“, негов 38-ми во кариерата во НБА, Дончиќ постави и рекорд во франшизата прескокнувајќи го Дирк Новицки со кој досега го делеше првото место во тој статистички сегмент. Имено, против Кавс постигна седум тројки (од 11 обиди), односно го одигра својот 33. натпревар во кој реализира најмалку пет обиди од далечина. Остатокот од тимот на Мавс постигна 4/26 за три поени.
Само еден играч пред Дончиќ и пред неговиот 23. роденден постигнал 38 „трипл-дабли“ во кариерата. Тоа е Оскар Робертсон. Дончиќ во февруари следната година го слави својот 23-ти роденден, што значи дека наскоро би можел да земе уште еден рекорд во НБА лигата во своја сопственост.