Дончиќ го престигна Џордан, па се извини: Бев себичен

од Stefanija Kuzmanovska
482 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го престигна Мајкл Џордан на вечната листа на играчи со најмногу трипл-дабл во НБА лигата.

Во поразот од Чикаго Булс тој постигна 36 поени, 16 скока и 15 асистенции.

Но, тој постигна 30 од 36 поени во првото полувреме, додека во второто „запре“ и го расипа процентот на удари (13/30 од игра, 6/11 за три, 4/6 слободни фрлања).

„Играв ужасно во второто полувреме. Јас сум крив. Бев малку себичен затоа што имав 30 поени во првото полувреме“, рече Дончиќ и додаде:

„Тоа не бев јас во второто полувреме. Морам да направам многу подобро од тоа. Направив неколку удари што не требаше да ги направам. Едноставно мора да најдам подобар начин од овој“.

Дончиќ оваа сезона има просек од 28,3 поени, 10,2 скока и 9,4 асистенции, додека неговиот Далас е со 6-6.

Слични содржини