Меѓу петте најдобри играчи во НБА лигата оваа сезона се дури тројца играчи од Европа. Во првата петорка на лигата се Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокунбо, како и двајца Американци – Девин Букер и Џејсон Тејтум.
Најмногу гласови за да биде во првиот тим доби Јанис Адетокунбо. Тој доби 500 поени, а останатите на таа листа се двајца играчи од поранешна Југославија. Лука Дончиќ и Никола Јокиќ имаа по 476 поени.
The 2021-22 Kia All-NBA First Team
Giannis Antetokounmpo (@Bucks)
Devin Booker (@Suns)
Luka Doncic (@dallasmavs)
Nikola Jokic (@nuggets)
Jayson Tatum (@celtics)#NBA75 #NBAAwards pic.twitter.com/MrhuZS5hUG— NBA (@NBA) May 25, 2022
За прв пат по 1955 година се случува сите играчи во првата петорка на лигата да бидат помлади од 27 години.
Вториот најдобар тим го сочинуваат Стеф Кари, Демар Дерозан, Кевин Дурант, Џа Морент и Џоел Ембид, кој беше само шести на ова гласање, а станува збор за играч кој заедно со Јокиќ беше кандидат за најкорисен играч на лига.
Во третиот тим оваа сезона се Леброн Џејмс, Крис Пол, Паскал Сикам, Карл Ентони Таунс и Тре Јанг.
За трите најдобри екипи во лигата гласаа 100 новинари.