401
Кошаркарот на Денвер, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ беше избран синоќа во идеалниот тим на НБА лигата за тековната сезона.
Јокиќ, кој претходно беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА лигата, го зазеде второто место со вкупно 498 бода, објави веб-страницата на лигата.
Покрај Јокиќ, во идеална петорка е Јанис Адетокунбо од Милвоки со максимални 500 поени, Стеф Кари (Голден Стејт) со 496 поени, Лука Дончиќ (Далас) и Каваи Ленард (Лос Анџелес Клиперс).