„Дончиќ играше во Европа, таму полицајци со пушки ги смируваат трибините“

од Nikola Popovski

Бекот на Њу Орлеанс Пеликанс не беше изненаден од ладнокрвната игра на Лука Дончиќ.

Си Џеј МекКалум е запознаен со европскиот начин на навивање и страста за кошарката.

Тој смета дека седмиот натпревар од НБА плеј-офот не може да се споредува со гостување во Европа.

-Тој играше гостински натпревари во Европа каде што користат факели на трибините. Таму полицајците се вооружени со пушки, стојат на скалите и ги раздвојуваат и смируваат трибините. Ваквите НБА гостувања не вршат притисок врз него. Одигра маестрално, напиша МекКалум на Твитер..

Дончиќ постигна 35 поени во победата со 123:90 во решавачкиот, седми, натпревар од полуфиналето на Западот против Феникс Санс.

Далас со 4-3 во серијата обезбеди пласман во финалето на Западната конференција каде ќе игра против Голден Стејт Вориорс.

Слични содржини