Дончиќ маестрален, Словенија на Олимписките игри за прв пат во историјата

од Vladimir Zorba

Во финалето на квалификацискиот турнир во Каунас, кошаркарската репрезентација на Словенија ја совлада Литванија со 96:85 и за прв пат во историјата обезбеди пласман на Олимписките игри.

Лука Дончиќ повторно блескаше, завршувајќи го мечот со „трипл-дабл“ ефект – 31 поен (12/18 за два, 1/5 за три, 4/5 слободни фрлања), 10 скока и 13 асистенции за 32 минути.

Словенија ќе биде во групата со Аргентина, Јапонија и Шпанија на Олимписките игри, а следната година, да потсетиме, ќе го брани европското злато освоено во 2017 година во Турција.

Слични содржини