Дончиќ полуде поради провокација, па го удри противничкиот играч во меѓуножјето (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги загуби нервите на мечот со Кливленд, кој Маверикс убедливо го добија со 124: 97. При резултатот 68:57 на почетокот од третата четвртина за Маверикс, Лука го удри играчот на Кливленд Секстон кој го испровоцира.

Потоа Дончиќ одлучи да ги подмири сметките со тупаница „под појасот“.

Тој не застана тука, туку по тој удар го турна Секстон на подот, а судиите реагираа на протестите.

Видеото беше прегледано и беше јасно дека Дончиќ ќе мора пред време да оди во соблекувалната.

Слични содржини