Кошаркарите на Словенија ја совладаа Аргентина во мечот од првото коло на Олимписките игри во Токио со 118:100. Словенците ја „растурија“ екипата на светскиte вицешампиони од Мундобаскет од Кина.
Словенија со Лука Дончиќ и без него едноставно не е ист тим и тоа се гледа на натпреварот на кој Лука постигна 48 поени. Тој исто така подели пет асистенции со уште 11 скока. Дончиќ дури не играше во последните неколку минути.
Лука бешеблиску до олимпискиот рекорд по бројот на поени на еден натпревар. Тој рекорд моментално го држи Оскар Шмит, кој постигна 55 поени на пресметката меѓу Бразил и Шпанија во Сеул во 1988 година.