Дончиќ го израмни рекордот на големиот Оскар Робертсон и ги изненади сите со признанието

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Лука Дончиќ игра во форма на својот живот и моментално е најдобар стрелец во НБА со 34,5 поени по натпревар. Дополнително, тој постигна четири последователни „трипл-дабл“ учиноци со најмалку 30 поени на секој натпревар, испишувајќи историја.

Но, и покрај сите рекорди, Лука Дончиќ и неговите Далас Маведрикс повторно беа поразени и очајно се борат за влез во баражот. Подобри од нив беа Индијана Пејсерс кои славеа на гостински терен со 137:120.

Дури девет играчи на Пејсерс постигнаа двоцифрен број поени, од кои најмногу 20-те на Мајлс Тарнер, додека Мавс го загубија третиот натпревар по ред.

Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 11 асистенции и 10 скока. Тоа беше четврти последователен натпревар за Дончиќ со „трипл-дабл“ со најмалку 30+ поени. Така Дончиќ влезе во избрано друштво. Имено, сега пред него е само Расел Вестбрук, кој моментално е единствениот играч во историјата на НБА кој забележал пет натпревари во низа со по 30+ поени и по 10+ скокови и асистенции. Легендарниот Оскар Робертсон има четири – исто толку колку и Дончиќ.

Кога новинарите по натпреварот го прашаа колку му значи овој рекорд, тој само кратко рече: „Не ми е важно, само сакам да победувам, човеку. И тоа е тоа“, ги изненади сите Словенецот со искрената исповед.

Неговиот одговор говори многу. Победите му се најважни и сонува еден ден да ја освои шампионската титула во НБА со Далас. Сепак, како што играат во моментов, тешко ќе се стигне и до баражот.

Слични содржини