Лука Дончиќ се повреди на мечот со Минесота (99:105) и поради тоа ќе мора на малку подолга пауза, која ќе трае најмалку еден месец.
Ова го откри НБА новинарот Шамс Чаранија, кој најави дека повредата на потколеницата на Дончиќ ќе биде преиспитана за еден месец и нема да чуди ако му биде продолжена паузата.
Дончиќ се повреди во текот на втората четвртина, а во тој момент имаше 14 поени, пет скока и две асистенции.
Со оглед на тоа што веќе пропушти осум натпревари, а во најдобро сценарио сега ќе пропушти 15 меча, на крајот од сезоната ќе биде без награди бидејќи нема да ги исполни бараните критериуми за одиграни натпревари.
Дончиќ сезонава има просек од 28,1 поен по меч со 8,3 скока и 7,8 асистенции на 22 меча.
Ова ќе биде голем удар и за Далас кој игра одлично и доминира на 4то место на Западот со скор 19-11. Покрај него, тимот на Џејсон Кид во тимот го има и одличниот Кајри Ирвинг, кој сега ќе треба да има многу поголема улога во нападот во Далас.