Далас Маверикс губи со 2:0 во финалето на НБА од Бостон Селтикс, а серијата сега се сели во Тексас, каде тимот на Џејсон Кид ќе ја бара првата победа и одбраната на домашниот терен.
Малку подолга пауза помеѓу вториот и третиот натпревар сигурно повеќе им одговара на тимот на Маверикс, пред се поради Лука Дончиќ, кој речиси цел плеј-оф го игра со повреди.
Словенечкиот кошаркар одигра исклучително добро во првите два натпревари, но изостана поддршката од соиграчите за да се дојде до евентуален брејк во „ТД Гарден“.
Како што пренесува „ESPN“, Дончиќ ќе добие инекција против болки во градниот мускул. Ќе добие уште една пред мечот, за да се чувствува што подобро во текот на мечот.
Еден од најдобрите светски кошаркари го направи истото пред вториот натпревар на кој постигна 32 поени, заедно со 11 скока и 11 асистенции.