Лука Дончиќ потврди дека ќе игра за Словенија на претстојниот Евробаскет, кој ќе се одржи во август и септември оваа година, објави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија, Матеј Ерјавец.
„Имав состанок со генералниот менаџер на Лејкерси, Роб Пелинка, и тој ми рече: „Ќе го добиеш Лука и еден тренер и тоа е тоа“. Воопшто немаше дискусија за тоа дали Дончиќ ќе учествува на Евробаскетот“, рече Ерјавец.
Така, ѕвездата на Лејкерси уште еднаш го потврди фактот дека неговата земја и дресот на репрезентацијата секогаш се на прво место, и ќе ја предводи Словенија во групата Д, која ќе се игра во Полска, а покрај домаќините, нејзини ривали ќе бидат Исланд, Франција, Белгија и Израел.