Дончиќ вечерва за прв пат во дресот на Лејкерс

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Лука Дончиќ минатата недела го напушти Далас Маверикс во еден од најголемите трејдови во историјата на НБА и му се придружи на Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс.

Очекувањата од словенечкиот кошаркар се огромни, па со нетрпение се очекува неговото деби, па мораше порано да се објави неговиот премиерен настап во дресот на „езерџиите“ за да може ESPN да го прилагоди програмскиот распоред на споменатиот настан.

Тоа ќе биде негов прв пат да игра за Лејкерс, а ќе дебитира против Јута Џез во понеделник вечер во 4:30 часот по средноевропско време.

Останува да се види колку минути ќе добие од Џеј Џеј Редик бидејќи ова ќе биде негов прв натпревар по 25 декември кога ја повреди потколеницата.

Лејкерси моментално се на петтото место во Западната конференција со скор 31/19 и имаат големи шанси за пласман во плејофот за шампионот на најсилната лига во светот.

Јута, пак, е 14-та со сооднос 12/39.

Слични содржини