Дончиќ за неговото „алтер его“: Не знам како почна

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Лос Анџелес Лејкерс загуби четири натпревари во низа, а со враќањето на Лука Дончиќ дојде до победа – над Феникс 107:96.

„Знаевме дека треба да играме подобро. Знаевме дека мора да играме со повеќе контакт, пред се. Мислам дека нашата одбрана денеска беше совршена од почеток до крај. По четири последователни порази, беше навистина лошо на таа серија гостувања, а враќањето дома ни даде посебен мотив да ја прекинеме серијата неуспеси“, изјави Дончиќ и додаде:

„Секој тим има повеќе лидери, многу работи мора да се совпаднат за тимот да биде успешен. Се враќаме на нашето ниво. Лично, полека се враќам на моето ниво, секој ден се подобрувам“.

Дончиќ беше најдобар играч на теренот со 33 поени, 11 скока и 8 асистенции во 41-та победа на Лејкерси, а се зборуваше и за неговиот карактер на и надвор од теренот.

„Да, би рекол дека сум тивок надвор од теренот, сосема поинаков (од на теренот). Кошарката е моја работа, ме прави емотивен, ме прави среќен, па јасно е колку сум различен надвор од теренот и на него, но не знам кога тоа започна“.

Кога и да игра со Феникс, Лука добива прашање зошто Санс го „скокнале“ на драфтот.

„Веќе не размислувам за тоа, тоа беше многу одамна, пред седум години.

Лејкерси имаат домашен натпревар против Спарс следната вечер.

Слични содржини