Донесена одлука за улогата на Амбер Херд во „Аквамен 2“

од Stefanija Kuzmanovska

Амбер Херд ќе глуми помалку од 10 минути во „Аквамен 2“! Во првиот дел таа ја играше принцезата Мери, хероината во која е вљубен Аквамен (Џејсон Момоа).

Одлуката продуцентите ја донеле по петицијата таа да биде исфрлена од актерската екипа која досега собра над три милиони гласови, објави филмската критичарка Грејс Рендолф.

Да потсетиме, во средината на април започна судскиот процес меѓу познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, по повод тужбата поднесена од Деп.

Деп ја обвинува својата поранешна сопруга дека „лажно го прикажувала како домашен насилник“ во текстот што го објавила во Вашингтон пост во 2018 година.

Слични содржини