Доњецк се соочува со недостиг на вода, резервниот резервоар е речиси празен

од Маја Анчевска

На Доњецк му се заканува целосен прекин на водоснабдување, предупреди директорот на производствената  комуналната компанија „Вода од Донбас“, Генадиј Балицки.

Според него, резервниот резервоар, кој моментално го снабдува Доњецк, станал плиток, во него останала  вода за околу еден месец, по што водата во градот може целосно да се исклучи, пренесуваат руските медиуми.

Продолжува блокадата на главниот град на ДПР од западниот правец од формациите на киевскиот режимот. Вооружените сили на Украина сè уште имаат можност да го таргетираат целото подрачје на градските блокови.

Слични содржини