Дописник од Москва: Ако Путин ја загуби власта, работите можат да се влошат

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Незадоволството во Русија поради инвазијата на Украина расте од месец во месец, а експертите и аналитичарите се повеќе дебатираат дали рускиот претседател Владимир Путин може да биде соборен од власт.

Поранешниот дописник од Москва, Британецот Овен Метјуз, изјави дека Владимир Путин политички нема да преживее воена катастрофа на теренот. На пример, во случај Кремљ на крајот да биде присилен да ја врати земјата која ја зазедоа во 2014 година.

„Она што никој не го сака е ситуација која е поопасна од денешната, поопасна и од Путин, а тоа е револуционерна ситуација во самата Русија“, изјави тој за „Скај њуз“.

Тој нагласи дека алтернативата на Путин вклучува националисти кои се поагресивни од самиот Путин.

Метјуз, кој живее и работи во Москва повеќе од 25 години, рече дека не разбира зошто рускиот претседател на прво место ја започнал инвазијата.

„Путин мислеше дека уништувањето на режимот во Киев ќе биде премногу лесно и не беше подготвен за исцрпувачка војна“, нагласи Метјуз.

Слични содржини