Дополнителни 11 милиони евра за изградбата на коридорите: вистинско ангажирање на специјалисти или криминална активност

од desk4
247 прегледи

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека ќе бидат исплатени дополнителните 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор на изградбата на коридорите. Според неговите тврдења, специјалистите ќе бидат ангажирани за период од пет години, а платата на еден специјалист ќе биде 36.500 евра месечно.

Николоски се сомнева за делот во договорот што овозможува изведувачот да ангажира специјалисти, чиј број ќе биде договорен со владата. Спецификациите на нивната работа вклучуваат создавање на спецификации за автопатите, изработка на студии за влијание врз животната средина и заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите.

Тој истакна дека 11 милиони евра е дополнителна сума што треба да се плати за ангажирање на специјалистите. Ако еден специјалист се ангажира за пет години, тоа би представувало сума од 2 милиони и 190 илјади евра, додека ако се ангажираат најмалку 5 лица, според договорот, би биле потребни 11 милиони евра.

Николоски ја повика владата да го демантира или потврди ова тврдење, истакнувајќи дека скриеноста на договорот пред јавноста создава сомнеж за криминални дејствија.

 

Слични содржини