Дополнителни мерки кои ќе го ограничат движењето нема да има, вели Филипче

од Берта Китинска
383 прегледи

Дополнителни мерки кои ќе го ограничат движењето нема да има, но Министерот апелира да се почитуваат пропишаните мерки за заштите и протолите, односно сите лица да носат заштитна маска, да одржуваат растојание и често да ги мијат и дезинфицираат рацете, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Разговаравме за евентулани дополнителни мерки со претставници од Светската здравствена организација. Заеднички беше одлучено дека единствено што можеме да донесеме е рестрикција во движењето, други не можеме бидејќи веќе ги имаме. Наш заклучок моментално е дека нема потреба од рестрикција во движењето. – рече Филипче.

Пандемијата на коронавирусот не спласнува. Бројките во светот повторно растат, а во здравствените установи се примаат нови доктори и мединцински персонал, се со цел за подобро справување со пандемијата.

Слични содржини