Допрва јавноста ќе суди, а историјата ќе каже каков чекор бил Преспанскиот договор, рече Димитров

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Допрва јавноста ќе суди, а и историјата ќе каже каков чекор бил Преспанскиот договор во однос на достинството и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Можеме да дебатираме за мислења, но факт е дека овој Договор ни ги испорача членството во НАТО и зеленото светло за ЕУ. Дури и оние што тврдат или декларативно се против Преспанскиот договор, се повикуваат на него во делот на македонскиот јазик, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров.

Во гостување на ТВ Сител, Димитров напомена дека сега, во овој момент, е најбитно како ќе ја испишеме новата страница со Грција.

-Имаме целосен пресврт во односите со Грција. Сега ќе патуваме заедно со премиерот Заев. Отворивме нова страница. Токму денеска грчкиот премиер изјави – „ние имаме некои дилеми, забелешки околу Преспанскиот договор“. Но, тој Договор е ратификуван и треба да се почитува. Убаво би било и кај нас да го заокружиме овој процес. Прашањето е како да ја испишеме новата страница со Грција. Факт е дека овој Договор ни ги испорача членството во НАТО и зеленто светло за ЕУ. Потребни ни се што повеќе конкретни проекти, посебно од областа на економијата и граничните премини за граѓаните од двете страни да видат што носи ова ново пријателство за нас и за соседите. Ќе се обидеме да разговараме за заедничка владина седница. Ова треба да настојуваме да го добиеме со сите наши соседи. Многу е значајно да се фокусираме на она што можеме да го смениме, на денешнината и иднината. На минатото сме горди, мора да најдеме начин да си го зачуваме достинството ако сакаме напред, но минатотот не можеме да го смениме, а нашата генерација мора да покаже дека може да создава вредност, истакна Димитров.

Слични содржини