Доргу се збогува со навивачите на Лече пред да замине за Манчестер

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Дефанзивецот на Лече, Патрик Доргу не учествуваше на натпреварот на тимот против Парма синоќа (3:1). Тој остана на клупата, а по последниот судиски свиреж се збогуваше со навивачите на клубот од Пуља. Денеска дефанзивецот ќе отпатува за Англија каде ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед.

„Вистина е, Доргу во сабота ќе лета за Манчестер“. Тој е фантастично момче и секогаш го даваше својот максимум. „Не му дозволив да игра затоа што во неговиот ум можеби е веќе на „Олд Трафорд“, коментираше по натпреварот главниот тренер на Лече, Марко Џампаоло.

„Црвените ѓаволи“ ќе платат меѓу 32 и 33 милиони евра за младиот Данец, но со планираните бонуси сумата би можела да достигне 38 милиони. Ова е најскап трансфер во историјата на Лече.

Лече веќе привлече двајца дефанзивци – Данило Веига и Тиаго Габриел, кои треба да ја засилат конкуренцијата во одбраната по разделбата со Доргу.

Слични содржини