Дорси: Биткоинот ќе го замени доларот

од Vladimir Zorba

Доларот можеби е главната валута за меѓународни трансакции, но нема да биде засекогаш. Така барем мисли Џек Дорси, основачот и поранешен извршен директор на Twitter.

Според него, биткоинот има моќ да го заземе местото на американската валута, пренесе CoinDesk.

На прашањето дали криптовалутите би можеле да го заменат доларот, Дорси кратко и јасно одговори: „Да, биткоинот ќе го направи тоа“.

Дорси е еден од најголемите обожаватели на криптовалутите, изразувајќи поддршка за монетите уште од 2018 година. Во август, тој повторно напиша на Twitter дека „биткоинот ќе ја обедини длабоко поделената земја (а можеби и светот).

Основачот на социјалната мрежа минатиот месец ја напушти функцијата извршен директор за да се фокусира на неговата финтек компанија Block, порано позната како Square. За време на своето владеење, Twitter воведе услуга за финансиска промоција на креаторите на содржина со биткоини, ветувајќи и интегрирајќи NFT автентикација.

Новиот извршен директор, Параг Агравал, беше силно вклучен во проектите за децентрализација на компанијата.

Во 14:30 часот по македонско време, цената на биткоинот порасна за над 6,5% на 48.843 долари.

Слични содржини