Околу 400 милиони евра влегоа во касата на Борусија Дортмунд од трансфери од 2014 година наваму, откако клубот конечно ги исчисти долговите.
Но во истиот период исто така е фрлена импозантна сума за нови играчи – 315 милиони евра, пресмета магазинот „Спорт Билд“. Сепак, успеси недостасуваат, со исклучок на победничката сезона во Германија минатата сезона.
Клубот се раздели со топ-играчи како Роберт Левандовски, Матс Хумелс, Илкај Гундоган, Осман Дембеле и Пјер Емерик Обамејанг, а ги зеде Себастијан Роде, Омер Топрак, Марк Бартра, Махмуд Дахуд, Андре Шурле и Андриј Јармоленко.
Според многумина, класата на дојдовните трансфери не одговара на онаа на појдовните и тоа води до уназадување на тимот. На ова мислење, исто така, е поранешниот освојувач на „Златната топка“, Лотар Матеус.
„Еден Јармоленко воопшто не е адекватен заменик на Дембеле. Да си вратиш поранешни играчи како Кагава, Сахин и Геце исто не е најдобро решение. Во случајот со Андре Шурле беа дадени 30 милиони евра. Борусија има потреба од играчи со карактер и од највисока класа. Во моментов во Дортмунд елементите не се вклопуваат“, рече Матеус.