Дортмунд ја отфрли можноста сега да го продаде Белингем

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Спортскиот директор Себастијан Кел ја отфрли можноста Борусија (Дортмунд) да се раздели со англискиот репрезентативец Џaд Белингем во овој преоден рок кој се затвора во четврток. Некои медиуми во Германија и Англија тврдат дека најсериозен интерес за играчот доаѓа од Ливерпул.

„Тој ќе остане со нас и јас лично го гарантирам тоа“, изјави Кел во интервју за „Скај“.

„Нема никакви барања, нема преговори, иако интересот за него е сериозен. Во моментов нема што да се одлучи толку многу и да бидам искрен, ситуацијата е ваква цело лето. Тој исто така нема намера сега да се пресели во друг клуб и тоа го знам лично од него“, додаде директорот.

Белингем пристигна во Дортмунд во 2020 година и има договор со тимот до 2025. „Жолто-црните“ се надеваат дека ќе го задржат во клубот и по 2023 година.

Слични содржини