Дортмунд ќе треба да даде 60 милиони евра, ако го сака Батшуаи за постојано

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Борусија Дортмунд ќе треба да плати околу 60 милиони евра, ако сака да го привлече трајно Мичи Батшуаи од Челзи, тврди весникот „Билд“.

Како што е познато, белгискиот снајперист игра како позајмен на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ до крајот на сезоната, но не ја крие желбата да остане долго време во Дортмунд.

Фудбалерите, раководителите и фановите на Борусија исто изразуваат силни симпатии кон напаѓачот, кој постави рекорд со одбележувањето на пет гола во првите три натпревари за клубот.

Во неделата, Батшуаи еруптира со два погодоци и за драматичните 3:2 над Ајнтрахт Франкфурт, откако го постигна победничкиот гол во 94-тата минута, секунди пред последниот судиски сигнал.

Слични содржини