Дортмунд му врачи отказ на Розе

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд изненадувачки ја објави разделбата со својот тренер Марко Розе, кој заминува по завршувањето на сезоната во Бундеслигата.

„БВБ и тренерот Марко Розе ја завршуваат својата врска. По интензивната сесија на анализи во четвртокот, вклучувајќи ги Розе, Ватцке, Цорк, Кел и Замер, клубот одлучи да продолжи напред и да му посака успех на Марко во неговиот следен потфат“, се вели во соопштението на клубот.

Розе помина само една кампања на кормилото на тимот откако пред една година пристигна од Борусија (Менхенгладбах). Тој ги предводеше „жолто-црните“ до второто место во првенството, но на другите турнири претрпе разочарувања. Дортмунд доживеа елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите и го продолжи учеството во Лигата на Европа, каде што, сепак, беше елиминиран во 1/16-финалето од Ренџерс. За Купот на Германија, тимот беше елиминиран од второлигашот Сент Паули во 1/8-финалната фаза.

Со младиот стручњак си заминува целиот негов стручен штаб, а кој ќе ја води Борусија следната сезона останува да видиме.

Слични содржини