Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК,.
До 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици, утре и в недела ќе работат еден час подоцна, додека на 30 август, ќе работат до 24 часот, беше соопштено на седницата.
Во тек е собирањето потписи на уште независни кандидати за градоначалници што не се завршени, како и на советнички листи.
Извор: МИА