Досега десетина граѓани одбиле да се попишат, казната е 300 евра

од Nikola Popovski
380 прегледи

Мала е бројката на оние граѓани кои одбиле да се попишат, изјави вечерва директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

-Минорна е бројката. Не можам да кажам точна бројка, но малку се, десетина, не се ни десет. Ќе продолжиме да разговараме со сите граѓани кои ќе одбијат, иако имаме и право на одредени санкции. Казната за тие што не сакаат да се попишат е прекршочна и чини 300 евра, информира Симовски, додавајќи дека имало случаи каде некои домаќинства прво одбивале да се попишат, но по дополнителни разговори најчесто прифаќаат.

Тој вели дека пописот може да покаже дека има 1. 800 000 граѓани, но не сака да прејудицира и остава процесот да заврши.

-Има некој индиции дека може може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози, рече Симовски.

Слични содржини