Во грчките медиуми се појави уште едно видео од Атина, а настанало во понеделникот вечерта кога хулигани убиле грчки навивач.
„На видеото што го објави дневниот весник „Стар“ јасно се гледа патот на повеќе од 100 убијци кон стадионот“, се вели во текстот што го објави грчки „елефтеростипос“.
Покрај тоа, порталот напишал дека „Ова е ударната бригада која сееше смрт“.
Најневеројатно во оваа приказна е што наводно навивачите биле следени од полицајци кои ги снимале. Се уште не е познато како успеале да побегнат од полициската придружба и зошто не била алармирана целата полиција во Атина.
„Како обучена војска напредуваа тивко, никој да не ги забележи и во вистински момент удрија со сето воено оружје што го поседуваа“, пишува овој портал.
Од грчкиот портал потоа објаснуваат што всушност се случило.
„Грчките власти преку Националната фудбалска канцеларија (НФИП) побараа надлежните хрватски полициски органи да бидат информирани за намерите на гостинските навивачи и нивното евентуално пристигнување во Грција. Добиле информации дека во Атина планираат да дојдат доволен број навивачи на Динамо. Некои се сместиле преку AirBnB, а некои во домовите на навивачите на Панатинаикос и во канцелариите на една адреса“, пишуваат Грците.
Погледнете го и ВИДЕОТО од огромниот број хулигани.