251
Верувам дека до крајот на оваа неделавa ќе се истестиратт 500 деца.Се тестираат деца во средните училишта во Скопје и во повеќе основни училишта во повеќе градови. Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак. Но, да почекаме сѐ уште е рано, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објасни дека родителите кои не даваат согласност надлежните одат на алтернатива на друго дете во класот согласно методологијата.
-Досега некаков отпор нема, не верувам дека ќе има. Апелирам да се свесни родителите дека со земање обичен брис не е никаков ризик и како метода многу ќе научиме за ситуацијата со епидемијата кај нас, рече Филипче.