Досега попишани 1.5 милиони граѓани

од Берта Китинска
259 прегледи

Според податоците од Државниот завод за статистика, досега околу 1 милион и 518 илјади граѓани се веќе попишани.

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им понуди на граѓаните да отидат на одредени локации во нивните општини и како што велат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.

Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

До крајот на следната недела се очекува да финишира попишувањето на населението, по што ќе следува сумирање на податоците.

Списокот со седишта каде може да се попишат е достапен на следниот ЛИНК.

Слични содржини