Досега ревакцинирани над 190 илјади лица

од Берта Китинска
149 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 453 180 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265 164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2 036 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462 415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197 251 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Слични содржини