190
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата соопшти дека досега се вакцинирани 5300 здравствени работници.
-Заклучно со вчерашниот ден имаме вакцинирано 5300 здравствени работници и ова е многу важно имајќи предвид дека сега притисокот на болниците е навистина голем и ризикот здравствените работници да се заразат е сериозно висок, ова е сериозна заштита на нивното здравје. Апелирам до сите граѓани, превентивните мерки да продолжат да ги почитуваат, соопшти Филипче.