Досега во Србија се вакцинирани над 900.000 луѓе!

од Берта Китинска
149 прегледи

Досега 901.946 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија, додека 264.587 од нив ги примиле двете дози на вакцината, пренесуваат српските  медиуми.

Во Белград се вакцинирани над 220.000 граѓани, од кои некои се превакцинирани.

Утрово во Србија се испорачани 40.950 дози вакцина Фајзер, додека до крајот на месецот се очекува да бидат доставени до 150.000 дози вакцина АстраЗенек.