Дошло до тепачка во Старата скопска чаршија – детали за убиството на турскиот државјанин

Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за убиството на турскиот државјанин кое се случи доцна синоќа на новогодишната ноќ. Според полицијата, на 01.01.2026 во 01:11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што две лица се здобиле со повреди од остар предмет.

-Полициски службеници излегле на местото и со повреди од остар предмет се пронајдени А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани. Истрагата е во тек, а МВР презема интензивни мерки за пронаоѓање на осомниченото лице кое што е во бегство.