ДОСИЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: На чело на Скопје 7 „татковци“ и 1 „мајка“ – доверба за нов мандат бараат 16 кандидати!

За наследник на Арсовска се борат 16 кандидати. „Локално“ прави хронолошка анализа на досегашните градоначалници – со колку мандати и како ја водеа метрополата

од Nikola Popovski
59 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5

Ристо Пенов и Коце Трајановски се единствените двајца градоначалници кои ќе бидат на чело на Град Скопје во два последователни мандати. Единствена жена – градоначалник е Данела Арсовска. За нејзин наследник се борат 16 кандидати. „Локално“ прави хронолошка анализа на досегашните градоначалници – со колку мандати и како ја водеа метрополата .

Пред официјалното осамостојување на Македонија како независна и суверена држава,  градоначалник на Град Скопје е Милан Талевски. Застанува на чело на градот откако бил  избран за прв повеќепартиски Претседател – Градоначалник на Собранието на Град Скопје на локалните избори што се одржале во декември 1990 година. Неговиот мандат трае три години и се “прелева “ и во пионерските години на самостојна и независна држава. Како најважни проекти што го одбележуваат неговиот мандат се депонијата Дрисла и изградбата на кајак стазата и целиот партер околу стазата во СРЦ Матка. Наследник на Талевски е Горан Николовски кој застанува на чело на Град Скопје во 1993 та и го води градот до 1995 година кога ќе биде наследен од Јове Кекеновски.

Кекеновски кој веќе бил дел од градските структури, како претседател на Собранието на Град Скопје,  за наследник ќе го добие Ристо Пенов – прв градоначалник избран на првите официјални локални избори во независна Македонија, спроведени во 123 општини плус Градот Скопје. Пенов ќе го води Град Скопје во два последователни мандати – иако на ниво на државата има промена на политичките сили, тој успева да ја задржи предноста. Пенов е на чело на Град Скопје и по локалните избори во 1996 кога победата на ниво на државата ја понесува СДСМ и по локалните избори во 2000 кога настапува промена на политичките сили и водството го презема Вмро-Дпмне.

Фото: Официјален Фејсбук профил на Град Скопје

Март, 2005 та, Локални избори, први по новата територијална поделба на Македонија.  Кандидиран како независен, со освоени нешто повеќе од 96 000 гласови за градоначалник на Скопје е избран Трифун Костовски. Тој веќе е еталблиран во политичките и во бизнис круговите, а во неговото “CV„ е и пратеничката функција во Собранието.

Локални избори 2009 та. Ова се првите избори по новата територијална поделба на Македонија. Од позиција на градоначалник на Гази Баба застанува на чело на Град Скопје – Коце Трајановски ја презема фунакцијата по  неприкосновената поддршка од 61,8% и убедливата победа на Вмро Дпмне на локалните избори. Трајановски ќе го води градот во два последователни мандати – и по локалните избори  во 2013 та година. Неговиот мандат е одбележан со тогашниот мега-проект “Скопје 2014“ кој до денеска остана симбол на контроверзии и незатворени прашања околу потребата и начинот на кој се трошеа стотици милиони евра народни пари за споменици и барокни згради а целиот пороект предизвика и политички турбуленции.

Нова политичка реалност ќе донесат Локалните избори 2017 та – СДСМ понесува подеба а Вмро -Дпмне фијаско. За нов грдаоначалник на Град Скопје со поддржка од 50,33% е избран Петре Шилегов. Ќе го води градот до следните локални избори 2021 година кога повторно има целосен политички пресврт на локално ниво – СДСМ оди во опозиција а Вмро Дпмне ја презема власта во 42 општини. Како “независен “ кандидат но со отворена поддршка од Вмро – Дпмне, Скопје ја добива првата градоначалничка – Данела Арсовска. Мандатот на Арсовска ќе биде еден од најтурбулентните откако по краток период од стапување на функцијата се нарушува релацијата со партијата подржувач а последицата од тоа  жителите на Скопје ја чувствуваат секојдневно

Во пресрет на Локалните избори 2025 та, за прв човек на Град Скопје има 16 кандидатури, само зад една стои жена. 13 кандидатури се со пратиско-коалициска подршка а тројца се номинирани како “независни“.

Слични содржини