Доста од фотографии на Трамп со гугл екстензијата „Make America Kittens Again“

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Поради презаситеноста на медиумите, особено американските, со вести за новоизбраниот претседател Доналд Трамп, голем број читатели на онлајн медиумите одлучуваат да ја инсталираат Гугл екстензијата „Make America Kittens Again“.

Алатката ги заменува фотографиите од Трамп со слики од мачиња веднаш. Функционира на најголем дел од онлајн весниците, како New York Times и Daily Mail, но има и веб страници кои имаат различна енкрипција, па не работи за сите подеднакво.