182
Министерот за правда Никола Тупанчески во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека доста е од флоскули дека системот е виновен.
„Најчест одговор на ова прашање е дека проблемот е системски. Системот треба да добие име, конкретизација. Доста со такви флоскули дека системот е крив за тоа што ни се случува. Системот е апстракција, го сочинуваат луѓе и различни закони“, вели Тупанчески.