Доставувач нападнат со нож и ограбен во скопски Аеродром

од Milan1
252 прегледи

Доставувач бил нападнат на подрачјето на скопски Аеродром. Нему му била украдена чантата со службени и негови лични пари.

– Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини