Никола Јокиќ одигра натпревар за заборав во синоќниот дуел против Оклахома Сити Тандер, каде неговиот Денвер Нагетс доживеа тежок пораз со резултат 149:106. Со оваа победа, Тандер израмнија на 1:1 во полуфиналната серија на плејофот во Западната конференција на НБА лигата.
Јокиќ, кој важи за еден од најконзистентните кошаркари во лигата, овојпат беше далеку од своето препознатливо ниво. Се мачеше во нападот, промашуваше шутеви, губеше топки и во целост се вклопи во сивилото на својот тим. Натпреварот го заврши со шест лични грешки, поради што мораше да го напушти теренот уште на крајот од третата четвртина.
Особено внимание привлече една спорна ситуација во која Јокиќ доби офанзивен фаул по судир со Џејлен Вилијамс. Во обид да избори подобра позиција под кошот, Јокиќ наводно скокна на грбот на Вилијамс, по што судиите веднаш му досудија фаул во напад. Центарот на Денвер бурно реагираше, сметајќи дека токму Вилијамс прв го фаулирал, туркајќи го и влечејќи му го дресот.
И покрај тоа што ситуацијата беше прегледана преку видео-снимка, арбитрите ја потврдија првичната одлука. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика силни реакции од јавноста.
„Тежиш 130 килограми и скокаш на нечиј грб. Ова треба да се третира како обид за убиство. Што прави Јокиќ?“ – стои во еден од најкоментираните твитови.
Само триесет секунди подоцна, Јокиќ заработи уште еден офанзивен фаул и со тоа го заврши својот настап на натпреварот.
Овој настан повторно ја отвори дискусијата за критериумите на судиите и за тоа колку објективно се суди на вакви високи натпревари, особено кога станува збор за ѕвезди како Јокиќ.
Being 300lbs and jumping on someone’s back should count as attempted murder. What is Jokić doing bro? pic.twitter.com/dMFBkrrULS
— Daig Muse⚡️ (@DaigMuse) May 8, 2025