Доверителите ja праќаат Атина на невозможна мисија

од desk3
106 прегледи

Привидно спокојство настапи во должничкиот спор меѓу доверителите и Грција. Парламентот во Атина ги прифаќа на неделни циклуси реформите, а пред неколку часови премиерот Алексис Ципрас помина успешно во уште конфронтација со отцепниците во својата група. Грција се бори да одговори на барањата на доверителите. Но сега веќе може да се јави и следниот чин во грчката драма – затрупани преговори за третиот пакет за помош.

грција

Во наредните недели Атина и нејзините кредитори ќе работат на деталите за финансиската помош. Планот на доверителот звучи едноставно: Грција со децении ќе мора да го трупа своите огромни буџетски суфицит во касите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и земјите од еврозоната,и така да гоисплати долгот.

Но, на овој начин тие ја испраќаат Грција на една невозможна мисија. Сите историски обиди и споредби покажуваат дека штедните цели кои би биле потребни за Атина, за да намали дури само половина од својот долг, не може да бидат исполнети за подолго време. Атина треба да постигне историско чудо. Доверителите сакаат од Грција нешто што ниту една земја во светот досега не успеала да го направи, дури и Германија, пишува во својата анализа германската економска телевизија N-TV.

ММФ тврди дека нивото на грчкиот државен долг ќе се зголеми до неверојатни 200% од бруто домашниот производ до 2017 година. Ако Атина успее да го намали тоа ниво до половина ниво во рамките на следните 20 години, ќе мора да поддржува примарен буџетски суфицит од 5 % од БДП во истиот период. Такво достигнување не било исполнето од ниту една земја дури за 10 години.

Уште минатата година економистите Бари Ајхнгрин од Универзитетот во Калифорнија и Хуго Паница од Женевскиот Graduate Institute ги анализираа од историски аспект плановите на ЕУ за штедење врз основа на споредби во 54 индустријализирани и земји во развој. Резултатот: помеѓу 1974 година и 2013 година, само три земји имаат примарен суфицит од 5 отсто од бруто домашниот производ, кој го одржуваат во текот на најмалку десет години: Белгија, Норвешка и Сингапур. И трите се исклучоци: Белгија заштедува под надворешен притисок, за да ги исполни критериумите за членството во еврозоната, Норвешка располага со нафта, а Сингапур е една авторитарна диктатура која владееше против населението.

Дури и целите за штедење во износ од просек 3% од БДП досега се исполнети само од уште осум земји за период од над десет години – Канада, Данска, Финска, Италија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Турција и Ирска. Во Белгија штедењата продолжуваат дури цели 22 години, во Ирска – 21 година. Но, сите овие приказни на успехот едвај може да се пример за Грција. Бидејќи Даблин и Сие имаат нешто со што Атина не располага: сопствена валута, која властите би можеле да ја девалвираат за да го стимулираат економијата.

И дури Германија никогаш не го постигна она што се сака сега од Грција: Според ММФ Берлин епостигнал во 15 од последните 25 години примарен суфицит. Но серијата од штедења се прекинува по не повеќе од четири години. А највисокиот вишок во периодот е просек само 1,9% од економското производство. Откако во државната каса ќе почнат да се собираат повеќе пари отколку што се трошат во демократиите се оформува притисок за нивно трошење. Гласачите не сакаат долготрајното стегање на ременот.

Затоа најважниот заклучок на економистите е дека постојаните буџетски заштеди се можни во повеќето случаи за подолг временски само ако економијата се развива добро. Бидејќи тогаш Владата не треба навистина да штеди, туку само може да си го дозволи тоа, бидејќи даночните приходи извираат. Според историските факти вишоците се не толку награда за аспирациите на министрите за финансии, туку пред сè пропратен ефект на добрата економија.

Токму со таква растечка економија сепак Грција не располага. Уште пред преговорите за третиот пакет да се почнати, Европската комисија призна индиректно стечај на свој план за штедење. Грчката економија ќе се намали оваа година со меѓу два и четири проценти, проценува Еуростат. Дури во 2017 година се очекува повторно раст, но само ако политичката ситуација и банките се стабилизираат.

Значи она што е алтернативата на штедењето? Ајхнгрин и Паница гледаат три можности. Земјите од еврозоната едноставно почнуваат да живеат со високите нивоа на долгот – на крајот на краиштата критериумите од Мастрихт се произволни ограничувања кои се одредени политички. Втората можност е тие да придонесуваат за повеќе раст. Или да го намалат дел од долгот. Одлуката за тоа е кај политичарите, пишуваат истражувачите. Но, едно е јасно.

“Сценарио, во кој официјални лица од ЕК замислуваат дека е можно едно сооднос на долгот за 20 години да се намали до 60 отсто, е неправичен. Официјална стратегија со таа цел и неподготвеност да се дискутира за повеќе реални алтернативи за да се помогне никому “.