Дожд предизвика хаос во Сплит

од desk4
99 прегледи

Силен дожд синоќа го погоди Сплит при што пожарникарите интервенирале на дваесетина места за да испумпуваат вода која влегла во приземјата на некои објекти.

 

Насобраната вода по улиците го отежнала и сообраќајот.

Најкритично било во близина на стадионот Пољуд каде се формирала голема бара во која останале неколку возила. Пожарникарите со брза интервенција помогнале возилата да излезат од  водата.

За многу кус рок од половина час во Сплит паднале 30 литри дожд на квадратен метар.