Облачно со врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а во Полошкиот регион и на планините од снег со умерен до засилен интензитет. Дуваше умерен, а во Битола засилен ветер од југоисточен правец, кој на моменти достигна брзина до 60 км/час.
Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, на некои повисоките места од дожд и снег, а на планините и во Полошкиот регион со снег. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните, северните и југоисточните делови од земјава каде се очекува да наврнат над 30л/м2 виден талог. Во северозападните делови ќе се формира нова снежна покривка околу 20, а на планините над 1000 м н.в. и над 30см. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.
Во Скопје: Облачно со врнежи од дожд, а во делови од Скопската котлина во текот на ноќта можно е повремено врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од северозападен правец.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 17 часот: 63 Маврови Анови, 27 Пожаране. Лазарополе, 5 Тетово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ до 17 часот (во л/м2): 36 Маврово, 34 Пожаране, 20 Лазарополе, Тетово, 10 Скопје-З.Рид, 8 Скопје-Петровец, 7 Охрид, 4 К. Паланка, 2 Ѓуриште, Тополчани, 1 Прилеп, Гевгелија, Берово, Д. Капија, Претор и Виница, а на другите места врнежите се помалку 1 л/м2.
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 1 Маврово, 2 Лазарополе, 4 Тетово, 5 К. Паланка, 6 Скопје-З.Рид, Берово, 7 Скопје-Петровец, Прилеп, 8 Охрид, Претор, 9 Штип, Струмица, 10 Битола, Гевгелија, Д. Капија и Виница.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
И утре ќе има повремени врнежи од дожд, во повисоките места од дожд и снег, на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови. Во вторник врнежите ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интезитет, поради што на планините ќе има натамошно зголемување на снежната покривка
Од четврток следува период на стабилно време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.
