Дождот помогна во гаснењето на пожарот во Мариово

од Nikola Popovski
36 прегледи

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 од нив се активни. Ангелов посочи дека попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово, кој претходно денеска тој го посочи како најкомплициран.

Ангелов истакна дека во моментов функционален е само еден „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, додека другите два авиони на ДЗС, како и двата полициски хеликоптери се неисправни.

Според Центарот за управување со кризи во земјава активни се тринаесет пожари. Над викенд населбата во скопско Катланово, пожарот создава густ чад, а теренот е непристапен. Вчера го гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од Скопската бригада.

Слични содржини