Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

од Љубиша Владимиров
118 прегледи

Елвин Куртовиќ, кој минатата година под дејство на наркотици го уби бизнисменот Васил Ефтимов кај „Мавровка“, е прогласен за виновен и осуден на доживотен затвор. Судот не ја прифати неговата одбрана дека бил под влијание на дроги, потенцирајќи дека тоа не е олеснителна околност.

„Самите себе сте се довеле во таква состојба со консумација на кокаин и тоа не може да влијае врз пресудата. Државата не може да биде одговорна за вашите постапки“, истакна судијката Моника Бахчовановска при изрекувањето на пресудата.

Куртовиќ призна вина и изрази каење за делото, велејќи дека не сакал да го стори убиството и дека бил под дејство на дроги неколку дена.

„Не сум добро ниту емотивно, ниту психички. Изразувам каење за делото. Не сакав да го убијам, беше несреќа“, рече Куртовиќ минатата недела.

Неговата адвокатка Софија Лаличиќ побара поблага казна, нагласувајќи дека нејзиниот клиент не можел да расудува бидејќи бил под дејство на наркотични супстанции.

Убиството се случи на 20 август 2024 година во еден од најфреквентните делови на Скопје. Во моментот на злосторството, Куртовиќ бил на викенд-отпуст од затворот „Идризово“, каде издржувал казна за претходни дела.

Слични содржини